Ќе се изненадите: Истражувањето докажа дека во одредени години од животот не треба да носиме фармерки!

Точка

23/04/2019

17:15

1.804

Големина на фонт

а а а

Тоа што со сигурност го имаме во гардероберот се фармерките. Ова парче облека не ни е без причина едно од омилените - многу се практични и одлично се вклопуваат во различни стајлинзи.

Фармерките доаѓаат во различни кроеви и бои па заради тоа им должиме „благодарност“ што можат да одговараат на сите типови на жени.

Повеќе нè чуди тврдењето дека жените во одреден период од животот се „престари“ за фармерки. Доколку ѝ веруваме на студијата од британските истражувачи, жените после 53-та година повеќе не би требало да ги носат фармерките.

Истражувањето е направено на Британките, а задачата која што испитаничките ја добиле било да ги заобиколат бутиците и да пронајдат фармерки кои им одговараат.


Резултатите покажале дека постарите жени поминале многу повеќе време во потрага по совршените фармерки во споредба со жените од помладата популација. На постарите жени, во просек, им биле потребни пет денови да ги пронајдат оние фармерки кои што идеално ќе им стојат, што за нив било многу стресно и предизвикало чувство на очај. Овие резултати им биле доволни на истражувачите да заклучат дека жените од 53 годишна возраст повеќе не би носеле фармерки отколку да поминуваат низ тој стрес.

Сепак, треба да се има во предвид дека величината на фармерките се разликува од производител до производител и дека на една жена можат да и одговараат фармерки со три различни величини. Заради тоа некои од жените потешко наоѓаат модели кои што идеално им стојат, но сепак не постои период во кој ова парче облека би било целосно непосакувано.


Всушност, совршените фармерки, од искуство знаеме, не е едноставно да се купат ниту во помлади години. Знаеш, супер ти стојат, ама ногавиците ти се предолги. Или пак на колковите ти „пукаат“, а во струкот ти се големи итн. Секое тело е различно, а со текот на годините се менува. Додека да го усогласиш моделот и материјалот на твојата фигура, да добиеш удобност и изглед, патот е долг. Меѓутоа тогаш годините не се важни- треба да го носите она во кое што се чувствувате најдобро. Без оглед на тоа кој број го пушува на етикетата! 



Спонзорирани линкови

Маркетинг