Софи Тарнер, која во серијата "Game of Thrones" ја глуми Санса, го покажала заносното тело кога била на одмор со свршеникот Џо Џонас во Мексико.
Актерката носела едноделен, црвен костим за капење, а многумина прокоментирале дека изгледа подобро од било кога.
На многумина во око им влегол и нејзиниот свршеник, за кого исто така се зборува дека е еден од "најголемите фраери" во Холивуд.
Двајцата одлучиле викендот да го минат во Мексико, каде судејќи по се, уживале.