45 работи на кои „фрламе“ пари: Нема да нѝ затребаат ни за три животи!

Точка

23/04/2019

14:45

3.409

Големина на фонт

а а а

Само колку многу пари трошиме на непотребни ситници без кои и тоа како можеме да функционираме. Ова е листа од 45 непотребни работи на кои што буквално „фрламе“ пари:

1. Членство во теретана -  најдобрата вежба на светот е пешачењето, а доколку навистина сакате да имате затенато тело тогаш поравете склекови, чучњеви, стомачни. Сето ова можете да го правите дома.

2. Камера- денес „паметните“ телефони можат да ги заменат и најдобрите камери и фотоапарати. 

3. Мултивитамини- Посетете доктор кој ќе ви каже кои витамини ви недостасуваат, па според тоа направете си листа на исхрана.

4. Венчаница- никогаш немојте да купувате фустан кој ќе го облечете само еднаш во животот. Изнајмете го! 

5. Флаширана вода- полесно ви е да купите шише кое што ќе го полните со вода од чешма. Ефектот е ист. 

6. Фиксен телефон- денес сите имаат мобилни телефони, а фиксниот е само заради непотребно трошење на пари. 

7. Облека за тренинг - што и фали на обичната тренерка и белата маица? 

8. Полупроизводи- нудли, супи во кесичка итн. Претставуваат само губење на пари. Подобро и поздраво е да купите свеж зеленчук и овошје и сами да си направите ручек. 

9. Играчки- Што повеќе играчки, детето е понесреќно. Играчките ја убиваат детската имагинација. 

10. „USB flah“- едноставно вашите податоци можете да ги сочувате на меил па потоа можете да ги печатите. 

11. Членство во теретана- најдобрата вежба на светот е пешачењето, а доколку навистина сакате да имате затенато тело тогаш поравете склекови, чучњеви, стомачни. Сето ова можете да го правите дома. 

12. Сè  за детоксикација- освен џигерот и бубрезите, другите работи не ви се потребни. Блендери, миксери и други препарати за правење сокови се бескорисни, за да го детоксицирате телото потребно ви е само вода! 

13. Фурна за леб- најдобриот леб се пече во рерна. Останатите пекачи не ви се потребни. 

14. Омекнувач за алишта- ќе бидете поздрави доколку овој производ го замените со сода бикарбона.

15. GPS навигатор- секој „паметен“ телефон има GPS уред, така што не морате да купувате посебен уред.

16. Играчки и облека за домашните миленичиња- ова им е важно само на сопствениците, на животните им е целосно сеедно со што ќе си играат или пак дали ќе ги облечете или нема.

17. Облека- доколку не сте ја промениле драстично вашата тежина, тогаш нова облека не ви е потребна.

18. Списанија- денес секое списание има своја „online“ верзија. 

19. Игри на среќа- сфатете го ова: игрите на среќа се трошење на пари, засукајте ги вашите ракави и сè ќе биде во ред.

20. ЦД и ДВД уреди- постојат многу места на интернет каде што можете да најдете музика и филмови без да купувате ЦД-а или ДВД плеери.

21. Облека за бебиња- на детето до година дена, не му е потребна облека.

22. Апарат за правење сендвичи- само ќе ви зафати простор во кујната, а вие ќе го употребите само еднаш годишно. 

23. Осигурување на платежната картичка- ако дојде до кражба на вашата платежна картичка најдобра заштита е да ја блокирате вашата сметка.

24. Работи за правење на пица- освен сукало, тепсија и еден обичен нож, другите работи не ви се потребни. 

25. Слатки ситници за капење- сапун, купка и сунѓер е сè што ви е потребно. Останатото е само фрлање на пари. 

26. Специјализиран кујнски алат- Да ли сте професионален кувар? Не сте. Ова не ви е потребно! 

27. Апликации за мобилен телефон- ако спуштите некоја апликација бесплатно, подоцна се случува дека треба да ја платите за да функционира како што треба. Ако до сега сте можеле без неа- ќе можете и до сега. 

28. Сламки за пијалок- Можеби чинат некој денар, ама сепак толку се бескорисни што нема потреба да фрлате пари за нив.

29. Грејач за влажни марамици- производителите на вакви ситници ги „фаќаат“ младите родители за да извлечат некој денар од нив. Едноставно ова не ви е потребно! 

30. Продолжена гаранција- Штом платите продолжена гаранција за некој производ, да знаете дека беспотребно сте ги трошеле парите. Доколку производот ви се расипе- поправете го! Плаќањето на продолжена гаранција е бескорисно. 

31. Тостер со супер моќ- денес тостерите можат да прават сендвичи, да прават виршли, да пржат јајца. Праксата покажува дека ваквите тостери можат да издржат многу и дека многу брзо се расипуваат, а уште побрзо им поминува модата!

32. Кабловкса телевизија- ако имате интернет, кабловската не ви е потребна. Особено бидејќи денес секоја ТВ куќа има свој интернет канал. 

33. Кучиња и мачки со педигре- доколку сакате животни ова нема да ви биде важно! 

34. Музички инстументи- ако вашето дете сака да свири некој музички инстумент запишете го во музичко училиште. Доколку тоа трае тогаш можете да го почестите со некоја гитара или друг музички инструмент. 

35. Витаминизирана вода- ако вашето здравје ви е важно, тогаш не купувајте ги овие производи.

36. Покани за свадба- Секако ќе морате да му се јавите на секој гостин за да видите кој ќе може да дојде на вашата свадба.

37. Збогатен бензин- немојте да се „играте“ со вашиот автомобил. Ваквите бензини знаат често да го уништат моторот на вашиот автомобил. 

38. Домашен уред за правење на пуканки- а што му недостасува на старото добро тенџере, маслото и солта?

39. Сувенири, магнети за фрижидер- тоа е оптеретување како за вас така и за оние за кои ги купувате.

40. Уред за чување на валкани пелени- земете ја пелената, ставете ја во кеса па фрлете ја во канта за отпадоци- што има тешко во тој процес?

41. Фритеза- за да испржите компири може да ви послужи и тенџере, масло и решеткаста лажица.

42. Весници- сето тоа веќе го има на интернет!

43. Уред за готвење на детска храна- нашите мајки и баби не одгледуваа и хранеа без ова, па веројатно и ние го можеме тоа. 

44. Книга со рецепти- доколку од вашата мајка или баба не сте добиле светски рецепти, тогаш не ви е потребна ни нова книга од некоја книжара. Едноставно одете на интернет. 

45. Алати- сигурно е многу важно во куќата да имате шрафцигер, бушилица, чекан и слично. Но немојте да давате пари за алати кои што ќе ги употребите само еднаш во животот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг