Базен ја потопи Манила: Една снимка го покажува сиот ужас на земјотресот на Филипините

Точка

23/04/2019

21:48

11.103

Големина на фонт

а а а

Филипините вчера биле погодени од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, поради кој се треселе многу згради, а жителите панично барале место каде би можеле да се сокријат, пишува "Gizmodo".

Снимки од земјотресот набрзо се појавиле на социјалните мрежи, а две привлекле посебно внимание. Имено, станува збор за снимки од излевање на огромни количини на вода од солитерот во округот Бинодо во градот Манила. Според локалните извештаи, водата паѓала од базен кој се наоѓал во пентхаусот на облакодерот. 

Зградата наречена "Анкор Скајсјутс" е релативно нова, односно отворена е во 2015-та година. Станува збор за една од највисоките згради на Филипините и во Азија, не сметајќи ја Кина.

Порталот "Манила Булетин Онлајн" објавил две видео снимки на ЈуТјуб, на кои се гледа како водата од облакодерот паѓала некои 190 метри.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 60 километри северозападно од Манила. Според досегашните информации, загинале најмалку 5 лица.

Станува збор за подрачје кое е често погодено од потреси, но, за среќа, вчерашниот не бил толку разорен како некои од минатото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг