Имала речиси подеднакво фантастичен живот како и нејзиниот лик во „Игра на тронови“
Емили Кларк имала „шоу бизнис“ во нејзината крв. Кога имала само три години, присуствувала на некоја претстава која ја работел нејзиниот татко- инженер на звук во театарот. Тогаш и таму одлучила дека сака да стане актерка. Таа желба никогаш не ја напуштила.
Кога Кларк изразила желба да глуми, татко ѝ рекол: „Единствената реченица која што ќе ти треба доколку се занимаваш со глума е: Дали сакате помфрит со тоа јадење?“
„Тој само сакаше да ми каже дека парите не растат на дрво и дека за нив треба да се измачиш за да ги заработиш“, раскажува Емили.
Во 2013 година, Емили Кларк дебитираше на Бродвеј во претставата Појадок кај Тифани. Без оглед на нејзините актерски способности, претставата добила лоши критики и имала слаба продажба на карти. Претставата е тргната од репертоар после еден месец.
Всушност, главната улога во „Игра на тронови“ требало да ја игра актерката Тамзим Мерчант. Пилотот е снимен, но после некое време, ангажирана е Емили Кларк за да го овековечи ликот на Мајкат на змејовите.
Иако улогата во „Игра на тронови“ ѝ донесе голема популарност, Емили кажува дека не ѝ било лесно. Таа кажува дека многу тешко ги поднела сцените во кои има голотии и сцените во кои што е прикажано силување.
Емили Кларк е талентиран музичар. Има таков глас со кој совршено пее, блуз, балади, кабаре и џез. Знае да свири клавир, флејта и гитара.
Емили Кларк во приватниот живот не личи на ликот кој го глуми. На филмот носи долга, плава перика, а во приватниот живот има кратка, темно смеѓа коса.
„Фановите често ме гледаат со Кит или Кристи и потоа ми даваат телефон и ме замолуваат да ги сликам со нив. Не ме препознаваат. Секако тоа за мене е убаво“.
Во случај глумата да не ѝ оди од рака, Емили сака да стане пејачка или графички дизајнер или пак архитект.
Кога одела во средно училиште нејзините врсници ја исмејувале заради густите веѓи. „Мојата мајка имаше три правила во текот на моето растење: Немој да се дрогираш, немој да имаш секс и немој да ги „чепкаш“ веѓите!“ Ја послушав и заради тоа сум и бескрајно благодарна, вели Емили Кларк.