Роналдо и Џорџина во Дубровник: Дозволено им е да го прават тоа што не им било на најголемите светски државници

Точка

23/04/2019

10:11

5.565

Големина на фонт

а а а

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера со приватен авион пристигнал во Дубровник заедно со девојката Џорџина.

Како што пишуваат хрватските медиуми, еден од најдобрите фудбалери на светот одморот го минува на едно од најскапите места во градот. Тој престојува во вила во која едно ноќевање чини 7.000 евра. 

Парот, имено, уживал во велигденски ручек на островот Лопуд.

По ручекот и прошетката отишле да се одморат, а вечерта вечерале во познат ресторан сместен во градските ѕидини на Дубровник.

Тие со комби пристигнале до самите ѕидини на древниот град, што не им било дозволено ни на некои до најголемите светски државници како Ангела Меркел, Дик Чејни и англискиот принц Чарлс.

Како што пишуваат тамошните медиуми, децата и другите насобрани останале разочарани што Роналдо не ги поздравил.

Џорџина денес објавила интересна видео снимка од терасата на нивната вила додека се сонча и чита книга. Како што напишала, не се одвојува од својот уред за избелување на заби, кој, се претпоставува, го рекламира на оваа социјална мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг