Бритни излегла од психијатрија: “Долго време не изгледала волку лошо”

Точка

23/04/2019

21:48

10.820

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Бритни Спирс во последните неколку недели била сместена во психијатриска институција во која самата се пријавила бидејќи тешко се справувала со болеста на нејзиниот татко, Џејми Спирс.

Џејми пред неколку месеци имаше руптура на дебелото црево по која бил 28 дена во болница по операцијата. Американските медиуми кон почетокот на април објавиле дека пејачката се наоѓа на лекување во институција задолжена за менталното здравје. 

Но, се чини дека Бритни завршила со лекувањето со оглед на тоа што папараците ја фатиле како излегува од хотелот “The Montage”, сместен на Беверли Хилс. Пејачката била во друштво на 12 години помладото момче Сем Асгари, кој постојано ја штител од љубопитните новинари и фотографи.


Дека пејачката поминува низ тежок период во животот, забележале и нејзините обожаватели кои останале шокирани од изгледот на Бритни.

“Кутра Бритни. Долго време не изгледала волку лошо. Се надевам дека ќе закрепне во скоро време”, биле коментарите на социјалните мрежи.


Во последно време се зборува дека Бритни ќе се повлече од сцената поради новонастанатата семејна ситуација. Болеста на нејзиниот татко наводно “ѝ ги отворила очите” па таа започнала да гледа на работите од друга перспектива и сфатила дека сака да се посвети на мирниот семеен живот.


“Се соочува со мисли дека нејзиниот татко еден ден нема да биде покрај неа, а истовремено се преиспитува на кој начин е всушност вредно да се живее. Нејзините блиски пријатели навистина се уверени дека ќе се повлече од сцената бидејќи без својот татко, кој ѝ е голема поддршка, не би можела да воспостави рамнотежа во својот живот”, изјавил изворот.

Бритни во 2007 година доживеа нервен слом и си ја избричи главата, а токму нејзиниот татко Џејми ѝ помогна да се врати на сцената.




Спонзорирани линкови

Маркетинг