Петиција на навивачите на Арсенал: Бараат затвор за Мустафи

Точка

23/04/2019

09:08

2.949

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Арсенал се бесни после очајната партија на Шкодран Мустафи на дуелот против Кристал Палас минатиот викенд.

Германскиот стопер не се прослави на дуелот против Кристал Палас и може да се каже дека поради неговите грешки, фудбалерите на Арсенал беа поразени со 2:3. Поради тоа, навивачите на „Топчиите“ направија петиција на change.org со која се бара „доживотен затвор“ за Мустафи.

„Човекот по име Шкодран Мустафи го измами фудбалскиот свет да му плаќа 90 илјади фунти неделно за емитување на многу вознемирувачка содржина на фудбалските натпревари“, стои во описот на петицијата.

„Тој е одговорен за милиони искршени апарати како што се телевизори и мобилни уреди, а забележани се и случаи на самоубиства поради него. Мора да постои истрага поради тоа прашање“, додава авторот на петицијата, барајќи доживотен затвор за Албанецот од Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг