„WhatsApp“ тестира нова опција која би можела да ви го искомплицира животот

Точка

22/04/2019

21:01

2.799

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните апликации за допишување, „WhatsApp“, тестира опција која нема баш на сите да им се допадне.

Помеѓу останатите новости, во прашање е воведување автентикација со отисок на прст, но во случај таа опција да е активирана, нема да може да направите „screenshot“ и на тој начин се заштитува комуникацијата, пренесува „WABetainfo“.

Оваа опција би можела да ви гарантира дека никој друг освен вас нема да може да одговара на пораките кои ви пристугнуваат на „WhatsApp“ и така ве заштитува од евентуални недоразбирања.


Ако ја вклучите оваа опција (која моментално е достапна само во бета верзија на апликацијата), ќе можете нормално да одговарате на повиците и пораките, но нема да може да направите „screenshot“.

„WhatsApp“ засега не објасниле зошто се одлучиле за оваа промена, но корисниците на оваа апликација не се премногу воодушевени, а останува и прашањето како ќе функционира за оние корисници кои на својот мобилен немаат „читач“ за отисок на прст.


„Не е лоша идеја, но мислам дека би требало да биде обратно: кога ја вклучувам опцијата, друга личност да не смее да има можност да направи screenshot од нашиот разговор“, искоментирал еден корисник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг