Зошто размислуваме за некој со кого сме имале краткорочна врска?

Точка

22/04/2019

20:40

3.127

Големина на фонт

а а а

Сигурно на сите барем еднаш во животот ви се случило со денови да размислувате за личност со која не сте успеале да остварите врска. Неколку излегувања, одење во кино, пријатни разговори, вечери, прошетки и на крај само текстуална порака во која пишува дека помеѓу вас нема хемија.

Лицата после вакво раскинување често се емоционално растроени и не се подготвени за нова врска. Тие често, за да ја намалат својата тага ги проверуваат Инстаграм и Твитер профилите поставувајќи си го прашањето што тргнало по зло. 

Понекогаш раскинувањето на кратка врска може да биде полошо и од прекинување на врска со долгорочен партнер.


Што всушност се случува?

Кога ќе ве остави некој кој го сакате тоа навистина може да биде тешко, а психолозите велат дека тоа е сосема нормална и вообичаена појава.

Рој Баумајстер и Сара Вотман напишале студија за невозвратена љубов. За ова истражување учествувале 155 мажи и жени. Повеќе од 98% од нив рекле дека имале ваква врска и вакво раскинување во некој момент од животот. Причината за ваквите појави е што себе се сметаме за повеќе посакувани отколку што навистина нè посакуваат.


Имено, науката потврдила дека луѓето не можат да проценат кога некој е надвор од нивната лига.

Клиничките психолози велат дека е нормално да се чувствува почетен шок и болка поради одбивање од личноста со која сте се впуштиле во кратка врска.

"Не е чудно ако личноста продолжи за размислува за краткорочниот партнер после завршувањето на врската. Тоа се случува многу често отколку што луѓето сакаат да признаат", вели Шани Грејвс, лиценциран советник за ментално здравје во Њујорк и додава дека одбиените личности често се чувствуваат збунето и повредено.

Она што е добра вест е дека без разлика во каква врска сте биле, еднаш ќе преболите и повторно ќе бидете среќни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг