Погледнете ја новата куќа на британскиот глумец Орландо Блум вредна 8,9 милиони долари

Точка

22/04/2019

19:19

2.997

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите британски глумци Орландо Блум направил промена во листата на недвижности во Лос Анџелес. Популарниот глумец минатата седмица на таа листа го стави новиот дом во Беверли Хилс кој го чинел 8,9 милиони долари.

42 годишниот глумец, ѕвзедата на "Господар на прстените" купил современа куќа уште во 2017 година и платил седум милиони долари, меѓутоа, две години реновирање Блум го чинеле уште дополнителни два милиони долари. 


Овие наводи ги потврди и Џејсон Опенхајм кој го застапувал глумецот кога ја купувал куќата, која сега има дури четири спални соби.

"Тој навистина знае што прави. Има истенчен вкус и сè сам избираше, од интериер, диазјн и осветлување. Навистина го почитувам неговиот стил", рекол Опенхајм.


Блум ја отвори кујната, направил бар, поголем гардеробер и ја обнови столаријата. Покрај тоа, додаде и базен кој го чинел милион долари. Преуредувањето на куќата е завршено пред неколку седмици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг