Два премиерлигашки преставника ќе бидат дел од овогодишените полуфинални натпревари во Лигата на шампионите, натпреварување кое сепак нема толку голема тежина ако го прашувате менаџерот на Челси, Маурицио Сари.
Италијанскиот стручњак не е преимпресиониран од фактот што Ливерпул и Тотенхем ќе имаат полуфинални задачи во најелитното натпреварување на Стариот континент, бидејќи според него, многу потешко е да стигнете до финалето на Карабао Купот. Челси го загуби финалето во ова натпреварување од Манчестер Сити, а Сари даде мало објаснување за својата бизарна и чудна теза која брзо стана топ тема во Англија.
– Англискиот фудбал е навистина тежок, тука пред се мислам на Премиер лигата. За да играте во финале на Лига купот, вие мора да се соочите со Ливерпул, Тотенхем, а на пример ние во финалето го имавме Манчестер Сити. Полесно е да стигне до финалето во Лигата на шампионите, – порачува Сари кој со оваа изјава експресно го привлече вниманието на јавноста.