Бензема: За мене не постои терминот „класична 9-ка“, ако дојде друг напаѓач ова лето…

Дерби

22/04/2019

19:40

1.867

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема постигна три гола на вчерашниот меч против Атлетик Билбао и уште еднаш потврди дека е во подобра форма од сите свои останати соиграчи во Реал Мадрид, а со оглед на тоа што се најде во центарот на вниманието, Французинот се најде во фокусот и на новинарите по пресметката на „Бернабеу“.

Бензема стигна до 30-от гол оваа сезона и сега е само на два од својот апсолутен рекорд во кариерата кога е во прашање една натпреварувачка кампања, а добрата форма го натера да проговори и за тоа како ја замислува улогата на централен напаѓач.

– За мене не постои терминот „класична 9-ка“. За мене еден напаѓач треба да прави многу работи. Не се само головите, треба да работи за тимот и да се движи постојано. Овојпат играв како „9-ка“ поради системот, но ако дојде друг напаѓач во тимот ова лето, немам проблем да играм и на друга позиција во нападот. Тоа воопшто не ми е проблем, – порача Бензема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг