Легендата на Јувентус: Роналдо можеше многу повеќе, Дибала се мачи со него на теренот!

Дерби

22/04/2019

18:51

2.436

Големина на фонт

а а а

Јувентус во саботата ја потврди осмата последователна титула во италијанската Серија А, учинок кој сепак медиумите од оваа земја на големо го омаловажија поради неуспехот кој го доживеа тимот на Масимилијано Алегри само неколку дена претходно.

Елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето во Лигата на шампионите беше големо разочарување за тимот кој многумина сметаа дека конечно може да го освои најелитното европско натпреварување, а сето тоа предизвика реакции и од поранешни играчи на тимот, меѓу кои сега се вклучи и Марко Тардели.

Легендарниот играч за врска кој мина цели 10 години во Јувентус (од 75 до 85-та година) смета дека еден од проблемите е дозирањето на најважните фудбалери во првиот тим, како и фактот што одредени играчи од првиот тим играат далеку послабо кога на теренот е Кристијано Роналдо.

– Јувентус треба да работи на тоа како да го штеди својот тим. Мислам дека Кристијано Роналдо играше премногу оваа сезона, но сепак тој е оној кој го одредува ритамот. Против Ајакс постигна два гола на двата меча, но можеше и требаше многу повеќе. Мислам дека неколку играчи играат послабо и се мачат кога Роналдо е во тимот, како да се преимпресионирани. Дибала е еден од нив, – порачува Тардели во изјава за „Раи Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг