Марсело уште еднаш проговори за неговиот можен трансфер во Јувентус

Дерби

22/04/2019

16:55

1.585

Големина на фонт

а а а

Долго време низ медиумите се шпекулираше дека фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело ќе ги следи стапките на неговиот голем пријател, Кристијано Роналдо и ќе се пресели во Јувентус.

Бразилскиот лев бек дури го загуби и стартното место во тимот додека Солари беше предводник на „кралевите“, но по враќањето на Зинедин Зидан и Марсело се врати во првите 11 на Реал Мадрид.

По натпреварот со Атлетик Билбао, Марсело уште еднаш даде конкретен одговор за неговата иднина.

– Сите знаат колку сум среќен и тоа го покажувам секој ден, дали на тренинг или на натпревар, секогаш кога го носам овој дрес. Многу се зборуваше за мене во претходниот период. Мислам, односно не мислам, знам, дека Мадрид е мојот дом, а оние кои ме познаваат знаат дека ја кажувам вистината, - коментираше Марсело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг