Паѓа продажбата на iPhone...

Точка

22/04/2019

16:53

2.041

Големина на фонт

а а а

За разлика од истиот период минатата година, ова ќе биде втор квартал по ред во кој опаѓа бројот на продадени iPhone паметни телефони.

Аналитичарите од OTR Global и Wall Street предвидуваат дека Apple ќе има лош втор фискален квартал, после големото изненадување кога на почетокот на оваа година пристигна веста дека во времето на Божиќните и новогодишните празници опаднала продажбата на паметни телефони за 15%, а со тоа и приходите.

Apple тогаш наместо очекуваните 89-93 милијарди долари заработија “само” 84 милијарди, што резултираше со пад на вредноста на акциите за 9%. Аналитичарите предвидуваат дека Apple на пазарот повторно ќе испорача помал број на iPhone уреди.


OTR Global прогнозира испорака од 37 до 42 милиони телефони во вториот фискален квартал, додека Wall Street од 40 до 45 милиони.

Apple во пракса не објавува бројки од испорачените паметни телефони, туку само приходите од нивната продажба, а причината е очигледна – се помалку продадени iPhone паметни телефони.


Дали главниот извршен директор на Apple, Тим Кук ќе мора повторно да испраќа посебни писма до акционерите, како што мораше да го направи тоа после празничниот пад на приходите, ќе се знае на 30-ти април кога компанијата ќе го објави официјалниот извештај во врска со остварениот приход во текот на вториот фискален квартал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг