Поради урнебесните имитации, ова девојче (9) на Инстаграм има 100.000 следбеници

Точка

22/04/2019

17:40

5.161

Големина на фонт

а а а

Рајли Дашвуд е 9-годишно девојче кое станало Инстаграм ѕвезда, благодарение на генијалната идеја, која ѝ донела 100.000 следбеници.

Имено, девојчето ги имитира познатите личности, така што се облекува според нив, а за своите креативни копии на нивната облека и нивните костими, кориси работи што веќе ги има дома.

Тоа најчесто е храна или разни предмети како садови, постелнини или облека од своите родители, а фотографиите кои ги објавува никого не оставаат рамнодушен.

Досега си поиграла со копирање на Ријана, Зендаја, Бијонсе, Лил Памп, Мајли Сајрус, Ема Стоун и многу други, а во секоја своја имитација на забавен начин променува по еден дел, со што им испраќа лична порака на своите следбеници и искажува личен став.

„Мислевме дека би било забавно да работиме на тие проекти, па минатата година почнавме со имитации кои ги објавуваме на Инстаграм. Првата личност на која ѝ го ископиравме изгледот беше детската поп ѕвезда Лил Теј, а на Јутјуб објавувме и видео во кој го реконструиравме изгледот на американскиот актер Шаја Лабаф“, рекла Рајли за „Bored Panda“ и истакнала дека родителите многу ѝ помагаат во реализација на нејзините идеи.

Рејли вели дека таа и родителите секој викенд прават по некоја имитација, ги фотографираат резултатите и ги објавуваат на Инстаграм, а за секоја од нив потребна ѝ е отприлика еден час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг