Ноќевање со ајкули? Незаборавно искуство!

Точка

22/04/2019

17:00

2.953

Големина на фонт

а а а

Не сте свесни колку ајкулите се безопасни во споредба со „ајкулите“ со кои ние живееме. Меѓутоа, доколку сакате да поминете време во вистински ајкули и тоа не било какви туку француски, тогаш овој текст е напишан само за вас.

Доколку сакаш да отпатуваш во Париз, градот на светлината и љубовта, таму ќе поминеш неколку незаборавни денови во собата на Ван Гог и ќе преспиеш со овие прекрасни животни. До сега можеше да се руча во аквариум додека околу вас пливаат овие животни, да лежите и да ги набљудувате како безгрижно пливаат во своите аквариуми, а од сега понудено ви е таму да преспиете. Прашање е колку всушност ќе успеете да отспиете додека околу вас „вртат“ ајкули.


Морате да имате на ум дека луѓето сами си создаваат стравови. Замислете некое дете во овој свет на животните. Децата не го разбираат стравот, ние ги учиме на тоа во текот на растењето. Знаејќи дека ајкулите се опасни животни, исплашени сме и замислуваме дека аквариумот ќе пукне или дека ќе се случи кој знае што додека го поминуваме времето таму. Што мислите можат да му направат на човекот...


Колку се ајкулите безопасни и дружељубиви ќе ви објасни Фред Буил, вистински љубител на овие животни кој ќе биде вашиот домаќин за време на престојот во Париз. За три ноќи во април, колку што е испланирана посетата на аквариумот, посетителите ќе спијат во подводни спални соби со провидни ѕидови кои пружаат поглед кон останатите посетители во аквариумите. Како дел од искуство, посетителите со Фред и со водичит ќе имаат можност малце повеќе да се запознаат со навиките и животот на овие прекрасни животни. А најинтересно ќе биде послужувањето на вечерата во чиј тек ќе размислувате што вашите пријатели во кои цело време гледате би сакале да џвакаат додека вие џвакате. Ммммм, единствено искуство.


Ајкулите, напротив не се предатори кои убиваат се што им се наоѓа на патот . Научниците сметаат дека тие се главниот столб на водниот екосистем, затоа што тие јадат стари и болни риби и на тој начин го спречуваат ширењето на болести во океаните. Животот во океаните без ајкули би бил хаотичен, па затоа ловот на ајкули е забранет во цел свет. Добро е да знаете дека ајкулата е интелигентно животно која напаѓа само тогаш кога се чувствува загрозено.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг