Изгледало дека Омаима Абди од Хамбург живее сосема обичен живот. Работела како преведувач и организатор на настани, а до неодамна мислела дека на ниеден начин не привлекува внимание, се додека нејзиниот мобилен телефон ен дошол во рацете на една новинарка.
Имено, Омаима го изгубила телефонот во Сирија, а потоа некако дошол во рацете на новинарката Џенан Мусе од Дубаи. Набрзо Џенан уверила дека Омаима водела двоен живот.
Во телефонот можеле да се видат сосема обични фотографии - деца си играат во парк или одат до продавница со своите родители. Меѓутоа, кога ќе се погледне малку поубаво, се стекнува впечаток дека нешто не е во ред.
На една фотографија, дете носело облека со логото на ИСИС, а таткото бил облечен во маскирно одело. Други фотографии покажуваат како сите вооружени стојат пред знамето на ИСИС.
Се било снимено во Рака, донеодамнешната престолнина на џихадистите во Сирија. Со преглед на 36 гигабајти податоци, било утврдено дека Омаима била многу активна германска џихадистка која преку интернет регрутирала други жени, во главно од Британија, да се приклучат на радикалните исламисти на Блискиот исток.
Се верува дека се вратила во Германија во 2016-та година и дека не привлекла внимание кај тамошните власти. Така нејзиниот таен живот во Сирија останал тајна. Поточно, се додека телефонот кој го користела во текот на престојот во калифатот не дошол во рацете на новинарката Муса.
Кога била објавена нејзината приказна, полицијата од Хамбург истакнала дека веќе отвориле истрага за Омаима. Новинарката наведува дека германската полиција уште во 2015-та година отишла во Сирија, но никогаш не била на листата на сомнителни луѓе поради што никогаш не одговарала кривично.
На Абди сега и се заканува кривично гонење бидејќи и британски MI5 е заинтересиран да ги истражи нејзините британски врски.
Абди, која има туниско потекло, живеела живот по западни стандарди до 2012-та година. До тогаш била разведена и имала ќерка. Изгледа дека вториот сопруг, Надер Хадра, ја натерал да оди во Сирија.
Хадра бил член на радикална група, подоцна забранета во Германија, која пратила околу 140 џихадисти на Блискиот исток. Прво тој отишол во Сирија, а потоа му се приклучила Омаима со ќерката и нивните 2 деца.
По 6 недели, Хадра загинал, а Омаима како вдовица од џихадистите добила компензација од 1.310 долари. Потоа се омажила за германски рапер, проминентен џихадист, Денис Кусперт. Тој бил многу значаен во ширењето на пропагандата на ИСИС. Калифатот неговата смрт ја прогласил во 2018-та година.
Со анализа на телефонот на Омаима било утврдено дека одржувала контакти со "британските џихад невести". На фотографиите се наоѓаат, освен споменатиот рапер, и неколку британски џихадисти. Во главно сите настрадале на бојното поле минатите години.
Последната фотографија во телефонот е од 2015-та година. Пронајдени биле и броеви од разни џихадисти, броеви од сметки и мистериозни мапи.
Самата Омаима засега не се огласила. Муса отишла до нејзината куќа, но таму ја нашла само нејзината ќерка. Потоа и се јавила, но кога се претставила како новинарка, Омаила ја прекинала врската.