Убиени три деца на најголемиот дански милијардер: Ги изгубиле животите во масакрот на Шри Ланка, сопругата во солзи: "Молете се за мене"

Точка

22/04/2019

16:22

10.264

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на ASOS и најголем дански милијардер, Андерс Холч Повлсен, објавил дека три од четири негови деца биле убиени во терористичкиот напад на Шри Ланка за време на Велигден.

Повлсен е втор најголем приватен земјопоседник во Велика Британија и најголем акционер во ASOS. 

Данскиот милијардер Андерс Холч Повлсен, сопствник на меѓународниот ланец на трговија со облека "Bestseler", е најголем акционер на британската он-лајн продавница ASOS и втор најголем акционер на германската он-лајн продавница Zalando.

Веста за "BT" ја потврдил Џеспер Стубкиер, директор за комуникации во компанијата "Bestseler".

Сведокот по име Киеран Арасаратнам, во неделата за "BBC" рекол дека видел Данка која изгубила три деца во бомбашки напад на хотелот Шангри Ла.

View this post on Instagram

3 x små ferie basser ?

A post shared by ALMA STORM HOLCH POVLSEN (@almashpovlsen) on

"Кажа, "молете се за мене, молете се за мене"", рекол тој.

Арасаратнам подоцна на Фејсбук го напишал следното: "Данско семејство со три деца. Родителите преживеале. Децата изгледа им загинаа. Имам три деца и точно знам како се чувствуваат сега".

Една од ќерките на Повлсен, Алма Сторм Холч Повлсен, пред неколку дена на Инстаграм објавила фотографија од Шри Ланка.

View this post on Instagram

??????

A post shared by ALMA STORM HOLCH POVLSEN (@almashpovlsen) on

Седум бомбаши самоубијци убиле најмалку 290 луѓе во координирани напади на цркви и хотели за Велигден.

Ниедна милитантна група не преземала одговорност за нападите, но полицијата од Шри Ланка вели дека биле предупредени за една непозната исламистичка група, неколку дена пред нападот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг