Патиник седел во бизнис класа па со еден потег сите ги згрозил: Додека летале, тој си ја бричел главата

Точка

22/04/2019

18:00

3.160

Големина на фонт

а а а

Патник кој летал во бизнис класа во авионот „Unite Airlines“, е снимен како ја бричи главата за време на летот.

Неговиот чин ги згрозил останатите патници, додека некои го снимале и го објавиле видеото на социјалните мрежи.

Снимката шокирала многумина, а непознатиот човек го нарекле непристоен.

На снимката се гледа како ќелавиот маж со машинка за бричење го бричи врвот на главата, пренесува британскиот „The Sun“.  

Иако тој веќе бил ќелав, тоа не го спречило цело време со машинката да поминува напред-назад, седејќи во бизнис класа.

На снимката се гледа како покрај него поминува екипажот на авионот, но никој не собрал храброст да му каже да престане. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг