Тоалет во јапонско кафуле со вредност од 270.000 долари

Точка

22/04/2019

16:06

2.579

Големина на фонт

а а а

Имагинативен не е погоден опис за јапонските необични архитектонски чуда...

Истото тоа можеме да го кажеме и за Хипопо Папа кафе, кое во скоро време стана многу популарно во голема мера, благодарение на својот женски тоалет. Опкружен со еден тон риби, овој тоалет има единствена поставка на аквариум, која воедно е и единстената причина за неговата популарност.


Како популарно место за исполнување на обалата Хајашизаки Матсу, Хипопо Папа кафе се наоѓа во Акашија и веројатно е единствен од овој вид кој поседува аквариум-тоалет. Славниот тоалет е опколен со егзотични риби од трите страни, а туристите ги привлекува од сите четири страни.


Според некои тврдења, сопственикот на кафето потрошил 270.000 долари за да го создаде овој неверојатен тоалет и да го усоврши колку што е можно повеќе. На посетителите, тоалетот им дава чувство на „нуркање“ во длабочината на океанот.

Женскиот тоалет има неколку лоши страни, како што кажуваат посетителите, некои од нив многу долго се задржуваат во тоалетот, набљудувајќи го морскиот свет, додека пак другите не сакаат ни да влезат внатре, затоа што се чувствуваат непријатно. Мораме да признаеме дека ова е навистина неверојатно вложување.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг