Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ 41

Макфакс

22/04/2019

15:35

1.172

Големина на фонт

а а а

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој истакна дека одговорот за апатијата е масовно гласање на 5 мај.

„Народот е свесен дека со гласачко ливче се победува неправда. Сиљановска е олицетворение на правдата. Новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини. На локалните победивме во само 5 општини, а вчера во 47. Победивме во Скопје, Прилеп, Битола, Велес, Виница, Гевгелија, Илинден, Ново Село, Охрид…“, кажа генералниот секретар на опозициската партија.

Како што рече Јанушев, евидентно е и дека скопјани ја поразиле власта.

„Победивме во Гази Баба со 6 илјади гласа повеќе, Кисела Вода со 4 илјади повеќе, победивме во Аеродорм, Бутел, Ѓорче Петров… Со намалена разлика сме во Центар и Карпош“, посочи тој.

Според Јанушев, првичните анализи покажуваат дека на парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ 41 мандат, додека Беса, Алијансата на Албанците и ДУИ по 13 мандати.

Генералниот секретар нагласи дека партијата верува во победа во вториот круг од претседателските избори и апелираше да не се продолжува со методи на притисок и заплашување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг