Гледачите на "Игра на тронови" шокирани од сцената со Арја: "Избезумен сум, непријатно ми е"

Точка

22/04/2019

15:33

6.576

Големина на фонт

а а а

Гледачите на ТВ серијата "Игра на тронови" се шокираа со сцената во втората епизода на осмата сезона. Тука на кратко ќе застанеме и ќе ве предупредиме дека следуваат спојлери.

Внимание! 

Сега може да продолжиме. Имено, гледачите биле шокирани со сцената во која Арја ја губи невиноста со Гендри, синот на кралот Роберт Баратеон.


Иако сцените со голотија се сосема вообичаена појава во "Игра на тронови", изгледа дека сцената со голата Арја сепак била премногу за некои гледачи. Имено, глумицата Мејси Вилијамс ја глуми Арја од 12 годишна возраст па многумина сè уште ја доживуваат како дете.

.

"Дали навистина ни беше потребна сцената со Арја?", "Ова ме избезуми. Таа е како детето кое сите заедно го израснавме", "Баш ми беше чудна оваа секс сцена со нив двајца, малку како да избрзаа", "Секогаш ја доживував како млада сестра и многу ми беше непријатно во текот на оваа сцена", "Можевме и без ова", "Секогаш ќе ја гледам како да има 12 години", беа дел од коментарите.

##https://twitter.com/homicidalmickee/status/1120144978745782272##

##https://twitter.com/TomHardyMUFC/status/1120152110623002625##



Спонзорирани линкови

Маркетинг