Точките се повторно во мода, а ова се трите комбинации во кои вистински ќе заблескате

Точка

22/04/2019

15:17

1.660

Големина на фонт

а а а

Продавниците за облека повторно се преплавени со точкести модели, а се чини дека ваквиот вечен дезен никогаш нема да нѝ здодее. Тој е толкав класик што понекогаш забораваме дека станува збор за дезен кој треба внимателно да се комбинира.

За таа цел, издвојуваме три комбинации од кои можете да црпете инспирација за вашиот пролетен изглед. 

Кошула: во класично елегантна комбинација

Точкестите фустани и здолништа се поврзуваат за златното доба на Холивуд и најлесно ги замислуваме во елегантни комбинации. Со блузоните и балонерите, точкестите парчиња дефинитивно ќе блеснат во полн сјај, а вие ќе се чувствувате како вистинска дива. Со ваквите комбинации одлично одговараат големите ретро очила, женствените обетки и тенките ременчиња кои сигурно ќе ја подигнат креацијата на едно ново ниво.


Фустан: на рокерски начин

Сепак, немојте да помислите дека точките се создадени само за елегантните варијанти. Со нив можете да блеснете како вистинска шик бунтовничка – потребно е само малку фантазија! Слободно поиграјте си со кожната јакна и бајкерските чизми за да добиете одличен рокерски ефект.


Мини здолниште: разиграно и откачено

Доколку верно ги следите трендовите, не мора да се одрекувате во име на точките бидејќи одлично одговараат со сите модни новитети. Можете да ги комбинирате со торбичките околу струк, со маичките со линии или со дискретниот анимален принт. Битно е да имате мерка и да не ги носите сите истовремено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг