Драма на Флорида: Сомнителен авион летал кон вилата на Трамп - веднаш полетале борбени авиони

Точка

22/04/2019

15:41

4.079

Големина на фонт

а а а

За време на посетата на Доналд Трамп на Мар а Лаго на Флорида, морала да интервенира федералната администрација за да „избрка“ авион од забранетиот воздушен простор.

Имено, за време на кратката посета на американскиот претседател на познатото летувалиште на Палм Бич во Флорида, федералната воздухопловна авијација издала привремена забрана за летови во таа зона од 10 милји над Мар а Лаго.

Меѓутоа, американските воздухопловни сили морале да интервенираат затоа што еден приватен авион влегол во зоната на забранети летови. Поради тоа, веднаш полетале борбени авиони од типот „Ф-16“, откако пилотот не реагирал на предупредувањето од контролата на летање во кое му биле дадени инструкции веднаш да ја напушти зоната.

Американските воздухопловни сили соопштија дека поради тоа биле испратени еден ловец „Ф-16“ и воен хеликоптер кои успеале веднаш да го „избркаат“ авионот.

Инаку, ова е вообичаена процедура да се воведува забрана на летови кога американскиот претседател Доналд Трамп го посетува својот имот во Мар а Лаго, а исто така откриено е дека само во првата година американската авијација пресретнала 73 летала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг