Овој "Mercedes Maybach SUV" не е наменет за обични смртници

Точка

22/04/2019

14:49

2.698

Големина на фонт

а а а

Спектакуларниот концепт на Mercedes, "Vision Maybach Ultimate Luxury", претставен на саемот во Пекинг минатата година, би можел да добие сериски модел.

Очигледно Mercedes привлекол внимание на доволен број на луѓе за да се размисли за производство на овој неконвенционален SUV. 

Ултралуксузниот Vision Maybach е базиран на претходната генерација GLS, но со карактеристики на седан.

Замислен е како електричен автомобил со погон на сите четири тркала преку четири електромотори кои заедно развиваат 740 коњски сили.

Меѓутоа, со оглед дека новата генерација на GLS веќе се забележува со решетката на ладилникот на Maybach, и фактот што Mercedes на големо ја тестира AMG верзијата со спецификации на "63", јасно е дека е само прашање на време кога споменатиот луксузен SUV ќе добие зелено светло.

Во меѓувреме, од Mercedes ја исклучуваат можноста за електрична верзија на GLS, бидејќи неговата платформа не е дизајнирана за тој вид на погон.

Но, клучен фактор е тоа што побарувачката не би можела да ги оправда трошоците на производството.

Очекуваната цена - најмалку 200.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг