Бела Смит има девет години и моментално е трето одделение, а во слободно време пакува роденденски кутии за сите деца кои не можат да си дозволат роденденски прослави, пренесува “ABC News”.
“Кутиите на Бела” содржат балони, микс за торта, украси за торта, декорации и многу друго.
“Живееме во гратче во кое многу семејства се сиромашни. Тие се борат да си обезбедат себеси и на своите деца основни работи, така што е јасно дека често ги избегнуваат роденденските прослави бидејќи не можат да си ги дозволат”, изјавила мајката на Бела која додала дека девојчето се занимава со овие работи од својата седма година.
Бела купува дел од содржините кои ги става во кутиите, а голем дел од работите ги добива од постарите членови на нејзината заедница. За својот роденден, наместо подароци таа побарала работи кои ќе може да им ги подари на своите врсници и на оние на кои тие им се повеќе потребни.
“Не сакаше роденденски подароци туку нешто кое ќе може да го подари на другите. Многу сум горда на неа, таа е многу добро девојче и има големо срце”, изјавила нејзината мајка.
Од почетокот на оваа година, Бела спакувала повеќе од 65 кутии и нема намера да престане.
“Би сакала да му се заблагодарам на Бог што ми пружи прилика да им помогнам на луѓето и да делам љубов”, вели 9-годишното девојче.