Неверојатен подвиг: „Не се предадов и го остварив својот сон“

Точка

22/04/2019

14:15

1.403

Големина на фонт

а а а

Јапонецот Мицухиро Ивамото (52) стана првата слепа личност која со непрекинато пловење со едрилица го преплови Пацифичкиот океан.

Ивамото стигнал вчераутро во Фукошима со својата 12-метарска едрилица, после дванаесет месеци откако отпловил од Калифорнија.

Овој Јапонец, кој живее во Сан Диего во Калифорнија, отпловил од тој американски град на 24-ти февруари, заедно со Даг Смит, морепловец од САД, кој му помагал со тоа што му давал информации за правецот на ветрот.



Ова беше вториот обид на Ивамото, затоа што пред шест години морал да го прекине патувањето кога неговата едрилица потонала заради тоа што удрила во кит. 

„Тука сум дома. Благодарам. Не се предадов и го исполнив својот сон“- рекол Ивамото на свеченоста во Фукушима, каде што неговото патување долго 14.000 километри, завршило. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг