Жена која месечно имала 25 мигрени конечно го пронашла лекот со кој болката ѝ исчезнува

Точка

22/04/2019

21:02

17.740

Големина на фонт

а а а

Ако некогаш сте имале мигрена, тогаш знаете колку таа болка може да биде силна. Морскиот биолог Бет Френсис можеби најдобро знае колку мигрената може да биде исцрпувачка, бидејќи имала 25 мигрени месечно.

Од своја 9 година има мигрена, а во 2017 година ѝ била дијагностицирана хронична мигрена. Поради тоа често деновите ги поминувала во својот кревет, со затворени завеси, чувствувајќи вртоглавица, замаглен вид и неверојатна болка. Кога мигрената ќе почнела морала да зема слободни денови. Поради тоа одлучила еднаш засекогаш да се ослободи од оваа болест. 


Во намерата да ја преземе контролата над своето здравје, Бет и нејзиниот партнер 29 годишниот Ендру Кларк, одлучиле да нуркаат во леденото море, бидејќи слушнале дека ладната вода може да ги олесни симптомите на мигрена.

Парот бил шокиран кога сфатил дека пливањето во ладна вода може веднаш да ги стопира силните болки.


"Секогаш ја сакавме природата, но мојата состојба ни одзеде многу работи, бидејќи постојано бевме во улога на пациенти и негуватели. Така во октомври 2017 година истражувавме за пливањето во ладна вода и за тоа како влијае на здравјето. После една минута откако влеговме во водата, болката падна на нула. Бев во шок, тоа беше големо изненадување", вели Бет.


Рекла дека не верувала дека болката целосно ќе исчезне, но ова искуство ѝ донесе големо олеснување и сосема ѝ го промени животот. Продолжила да пие лекови против мигрена, а нападите од 25 ѝ се намалиле на 15.

После две неверојатни откритија, парот започна да снима документарец за мигрените и ладната вода. Ја документирале секоја средба со ладната вода за да ги споделат своите откритија со другите, а нивните истражувања станале интернационални.


"Ладната вода е поефикасна од било кој лек. Би можела да плачам додека влегувам во вода од болка, но би излегла со насмевка на лицето", рекла Бет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг