Луксузна венчавка на малезискиот принц: Се оженил со професорка по англиски од Шведска, на свадбата имало 300 гости

Точка

22/04/2019

13:49

3.728

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавиле фотографии на кои може да се види сиот раскош од неодамна одржаната венчавка.

Престолонаследникот на Малезија, Тенгку Мухамед Фаиз Петра, се оженил со Швеѓанката Луиз Јохансон, на свечената церемонија во петокот. 

Швеѓанката која дипломирала англиски јазик и социологија, го запознала принцот во Англија откако се преселила таму поради работа.

Принцот тогаш и самиот студирал во Англија, но точната година кога парот се запознал не била објавена.

Невестата и младоженецот се венчале во древната палата Истана Балаи Бесар, кој е изградена во 1840-та година. На церемонијата присуствувале околу 300 гости.

Парот го венчал главниот судија на шеријатскиот суд, Датук Дауд Мохамад. На социјалните мрежи се појавиле фотографии на кои може да се види сиот раскош на неодамна одржаната венчавка.

Невестата носела бледо жолта тоалета, која ја покривала од глава до пети. Тоалетата имала и елегантен вез.

Покрај долгиот вел, на главата носела и раскошна тијара. Принцот носел традиционална малезиска облека за оваа свечена церемонија.

Престолонаследникот е само уште еден во низата малезиски принцови кои стапуваат во брак со жена која не е од Малезија.

Во ноември мината година братот на сегашниот престолонаследник, султанот Мухамед, се оженил со русинката и модел Оксана Воеводина.

Султанот абдицирал пред три месеци, кратко откако се појавиле информации за неговиот брак.

Бидејќи е обичај членовите на кралското семејство да бидат муслимани, секој кој стапува во брак со член на кралското семејство мора да ја промени верата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг