Кралицата Елизабета го прослави 98-от роденден: Девет факти за нејзиниот живот кои не сте ги знаеле

Точка

22/04/2019

12:19

7.446

Големина на фонт

а а а

Кралицата Елизабета II, вчера (21-ви април) го прослави својот 93-ти роденден, а уште на 9-ти септември, 2015-та година ја доби титулата за владеење на монархија во најдолг временски период во историјата, престигнувајќи ја и кралицата Викторија. Откријте ги 9-те интересни факти за кралицата кои не сте ги знаеле...

1. Не е родена во кралско семејство

Првите десет години од својот живот, кралицата Елизабета не била дел од високата кралска елита па така не била ни во редот за кралската круна. Нејзиниот статус, тогаш, бил сличен на оној кој што денес го имаат принцезата Беатриче и Еугенија од Јорка.

Но сè се сменило, кога починал нејзиниот прадедо, кралот Џорџ петти, следен во низата за круна бил вујкото на Елизабета, Едвард осми, но во тоа време тој не можел да има деца, затоа неговиот брат (таткото на Елизабета) дошол на престолот и направил неговата Елизабета да биде прва во низата за наследување на круната.

2. Не одела на училиште

Тоа што на многумина ги шокираше е нејзиното образование. Всушност, кралицата Елизабета не одела на училиште, туку повеќе разни професори ја подучувале по дома.

3. Учествувала во Втората Светска војна

Дури во Втората Светска војна служела во дел од помошната служба која работела механички работи и возела воени комбиња. И понатаму е единствената женска членка од кралско семејство која им се придружила на воените сили.

4. Се омажила за братучед

Принцот Филип, војвода од Единбург, и кралицата Елизабета всушност биле братучеди од трето колено- имале заеднички прабаба и прадедо, кралицата Викторија и принцот Алберт.

5. Има два родендени

Како и поголемиот дел на британските монархи, кралицата Елизабета слави два родендени, а причина се времеските разлики и годишните времиња.

Кралицата е родена 21-ви април 1926-та година, но април и понатаму се смета за ладен месец во годината, затоа нејзиниот роденден е преместен за крајот на мај или почетокот на јуни, и секако, во сабота.

6. Не и се потребни пасош ниту возачка дозвола

Иако посетила повеќе од 115 земји во светот, кралицата воопшто не поседува пасош. Сите британски пасоши службено се издаваат во име на кралицата, затоа технички нејзе не и е потребен пасош ниту возачка дозвола.

7. Создала сопствен вид на куче

Позната е нејзината љубов кон Коргиите, кои во еден момент ги имала дури 30. Но што со Доргиите? Таа имала барање да се крстат Kорги и Јазавчар, после тоа настанал Дорги, а сега ги поседува две: Кенди и Вулкан.

8. Не треба да плаќа порез

Иако од 1992 година не треба да плаќа порез, кралицата никогаш не престанала да го прави тоа, Изгледа дека во поглед на тоа, сака да биде рамноправна со останатите Британци.

9. Омилениот пијалок и е...

Кралскиот омилен пијалок е џин, помешан со вино или парче лимон. Оваа комбинација ја пие секој ден пред ручек, додека пак секоја вечер пие по една чашка шампањ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг