Скандалот за кој се зборува на островот: Легендарниот напаѓач ја затекнал сопругата во кревет со друг маж: Го доби тоа што го заслужи

Точка

22/04/2019

11:26

5.335

Големина на фонт

а а а

Некогашниот фудбалер на англиската репрезентација, Дарен Бент, се нашол последните денови на мета на бројни таблоиди, за жал, поради еден инцидент во неговиот сопствен дом.

Имено, овој 35-годишен Англичанец, кој 13 пати го носел дресот на "Гордиот албион", се вратил во својот дом во околу шест часот наутро и таму затекнал неверојатно изненадување - својата сопруга во акција со друг маж. 

Не ги прекинал, открива "Sun", туку малку се повозел низ населбата додека "не завршат работа". Кога љубовникот ја напуштил неговата куќа, започнал расправа со својата сопруга, а морала да интервенира и полицијата.

Истиот весник открива дека Бент всушност упаднал во нешто неговата сопруга претходно веќе го доживеала, бидејќи и Кристи Мекларен го затекнала својот сопруг во "нечесни работи".

"Го доби тоа што го заслужи", пишуваат некои таблоиди и додаваат дека очигледно и Кристи сака "да менува дресови".

Одличниот напаѓач во кариерата играл за голем број на клубови, а променил дури 9 само на Островот. Играл за Ипсвич, Чарлтон, Тотенхем, Сандерленд, Астон Вила...За Англија играл 13 пати и постигнал 4 гола.

Со неговото име се поврзувале инциденти со возењево алкохолизирана состојба, а еднаш, во јуни 2004-та година, морал да објаснува зошто пукал во 12-годишно дете со гумен куршум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг