Денеска ширум светот се одбележува Денот на планетата Земја: Целта е да се зајакне свеста и почитта кон природата

Точка

22/04/2019

10:38

718

Големина на фонт

а а а

Ширум светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја чија цел е да ја зајакне свеста и почитта на луѓето кон животната средина и природата.

Денот на планетата Земја официјално се одбележува од 1992 година, кога во текот на Конференцијата на Обединетите Нации за животната средина и развојот во Рио де Жанеиро, на која учествувале голем број претставници на владите и невладините организации, била усогласена далекусежна програма за промовирање на одржливиот развој. 

На предлог на боливиската влада во 2009 година, собранието на Обединетите Нации на 22-ри април го прогласи Меѓународниот ден на планетата Земја.


Почетоците на одбележување на овој ден датираат од 1970 година, кога под водство на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон биле одржани првите масовни демонстрации за заштита на животната средина во САД, на кои учествувале повеќе од 20 милиони луѓе. Секоја година, милиони луѓе ширум светот учествуваат во одбележување на Денот на планетата, вклучувајќи ги невладините организации, училиштата и заедниците со различни интерактивни програми.

Целта е да се подигне свеста за планетата Земја и да се пронајде одржливо решение за здрава и чиста животна средина. Во оваа прилика, многу влади се вклучуваат во помагање на луѓето кои се погодени од климатските промени, но и во спасување и на поединечни видови на животни, пчели и инсекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг