Магичната Егина: Грчки рај кој масовниот туризам сè уште не го уништил!

Точка

22/04/2019

10:28

4.222

Големина на фонт

а а а

На околу 26 километи од Атина, се наоѓа Егина, еден од најубавите острови во Грција, сè уште недопрен и неуништен од масовниот туризам. Рај за љубителите на историја, убавината на Егејското море, природата и вистинскиот одмор!

Да започнеме од природата и преубавото море- во плажите на островот Егина ќе се заљубите на прв поглед! Сите се песочни, на нив нема гужва и не се пренатрупани со кафулиња. Ќе уживате во чадорите од слама и мекиот песок под пешкирот, додека топлото грчко сонце ќе ве милува по кожата.

Најпознати се четирите плажи: Пердика, Агија Марина, Маратон и Сувала.


Освен преубавите плажи, Егина е место кое има богата историја. Храмот на Афеј, Палеохора и археолошкото наоѓалиште на Колон, се некои од местата кои не смеете да ги пропуштите доколку имате прилика да го посетите овој магичен остров.


Едно од најпосетуваните места на островот Егина е црквата на св.Нектариј. Свети Нектариј Егински е еден од најпознатите светци во грчката православна црква. 


Доколку отпатувате во месец септември, ќе имате прилика да уживате во посета на традиционалниот Фистики фестивал.

Оваа манифестација трае четири дена, посветена е на бербата на ф'стаци на островот Егина. Фистики фестивалот нуди уживање во разновидната храна, феноменалната музика, танцот и грчкиот театар. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг