Пристигнаа нови кадри од хумористичната акција со Џејсон Статам и Двејн Џонсон

Точка

22/04/2019

09:40

2.197

Големина на фонт

а а а

Пристигнаа нови кадри од акцијата “Fast and Furious: Hobbs & Shaw” во која во центар на приказната ќе се најдат фантастичните Двејн Џонсон, Џејсон Статам и Идрис Елба.

Новото режисерско остварување на Дејвид Лич всушност е спиноф на познатата акција “The Fate of the Furious”. Во новиот филм, Џонсон кој се појавува во улога на агентот Лук Хобс ќе формира неверојатен сојуз со Џејсон Статам кој е во улога на Декард Шо. Тие двајца ќе се здружат против новиот злосторник Брикстон кој го игра Идрис Елба. 

“Лук Хобс и изопачениот Декард Шо ги здружуваат силите кога сајбер криминалец ќе ја загрози иднината на човештвото”, се наведува во описот од филмот.

Новиот трејлер ветува многу акција, забава и хумор, а како што Статам и претходно изјави, публиката може да очекува прилично “луди сцени”. Тој го опишува “Hobbs & Shaw” како смешната и дива верзија на франшизата “Fast and Furious”.

За потсетување, ова е еден од првите филмови од светот на “Fast and Furious” во кој нема да го гледаме Вин Дизел. Филмот премиерно ќе биде прикажан на втори август оваа година во Америка, а потоа тргнува во светска кинодистрибуција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг