Екипите на Жозе Мурињо досега во многу наврати се судрија против Барселона и Лионел Меси, а Португалецот се обиде да објасни како е можно да биде сопрен Аргентинецот.
„Кога Меси ја добие топката во ситуација еден на еден, мртви сте. За него решение нема во тие ситуации и затоа јас никогаш не сакав да играм фластер со еден играч на него“, изјави Жозе Мурињо и додаде:
„Клучот за неговото чување е создавањето на таканаречениот кафез. Тимската игра против него е единственото решение“, изјави Мурињо.