Оваа фотографија стана симбол на нападот врз Христијаните: Господе прости им, не знаат што прават

Точка

22/04/2019

09:30

3.148

Големина на фонт

а а а

Во серијата на терористички напади на католички цркви и хотели во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, настрадаа повеќе од 207 луѓе, а стотици се повредени.

Се верува дека повеќето од терористичките напади ги извеле бомбаши самоубијци зад кои стои локална група на радикални исламисти. Најмалку 8 експлозии одекнале во градот за време на прославата на католички Велигден.

Една од фотографиите која што привлече најмногу внимание и според многумина стана симбол на терористичкиот напад, е фотографијата која го прикажува Исус Христос во една од црквите. Статуата на Спасителот е испрскана со крвта на настраданите и делумно оштетена од силната експлозија.

Оваа фотографија е дело на извесен Рагу Б. кој бил меѓу првите кои го посетиле местото на масакрот после серијата на експлозии во Коломбо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг