Додека се води мртва трка помеѓу Пендаровски и Сиљановска-Давкова, од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати кандидатката на најголемата опозициска партија.
„Дозволете ми да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ за отворената врата за некој однадвор како мене, но сакам да им се заблагодарам и на граѓаните кои биле аполитички, а гласале за мене. На граѓаните кои се разочарале од власта. Ако ги споредиме гласовите на тие кои гласале за мене и за Река, разликата е повеќе од 70 илјади гласови“, порача Гордана Сиљановска-Давкова.
„За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на режим во кои отсуствува владеењето на правото, систем потонат во корупција, криминал и непотизам, тоа е најважно. Опозицијата успеала навистина не само да им предочи туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда ние може да си раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО“.
„Знам дека допрва следува битката, но мислам дека ако на нашите гласови ги додадеме гласовите на Река, приказната е јасна. Крајот се насетува“, порача Сиљановска-Давкова.