Гатузо разочаран: Можеби не сум доволно добар тренер…

Дерби

20/04/2019

18:06

2.161

Големина на фонт

а а а

Милан освои само еден бод на денешното гостување кај Парма, а тренерот Џенаро Гатузо не крие дека очекувал многу повеќе од неговите избраници на „Енио Тардини“.

Милан освои само еден бод на денешното гостување кај Парма, а тренерот Џенаро Гатузо не крие дека очекувал многу повеќе од неговите избраници на „Енио Тардини“.

Популарниот Рино смета дека потфрлиле како екипа или во случајот домаќините не им дозволиле да го спроведат својот план и сосема заслужено дошле до ремито од 1-1.

-Во првото полувреме одигравме бавно, Парма се добро покриваше и тоа не беше добра изведба. Имавме среќа да дојдеме до водство, а потоа Парма го искористи слободниот со прекрасниот гол. Тие го заслужија овој бод. Парма има специфични карактеристики, се брани со пет играчи, знаевме како играат. Беше жешко за двата тима, но понекогаш имаа поголема решителност од нас. Бевме наивни, на пример со слободниот удар. Можеби не сум доволно добар тренер за да играчите ја сфатат важноста за овие мали детали. Јас сум објективен и сакам да ги кажам работи како што се. Очекував да дојдам тука и да направам повеќе, иако знаев дека Парма може да ни направи проблеми. Немавме среќа за тоа што требаше да биде наш втор гол, беше мал офсајд. Тоа е што е, -порача Гатузо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг