Манчестер Јунајтед во преостанатиов дел од оваа сезона ќе се обиде да дојде до посакуваниот Топ 4 пласман и секако место во Лигата на шампионите во наредната сезона.
Манчестер Јунајтед во преостанатиов дел од оваа сезона ќе се обиде да дојде до посакуваниот Топ 4 пласман и секако место во Лигата на шампионите во наредната сезона.
Таа задача воопшто нема да биде лесна затоа што неколку екипи се борат и се во трка за истата цел, но во исто време клубот од „Олд Трафорд“ размислува и за чекорите кои треба да ги повлече во летниот преоден рок. Веќе се споменуваат имиња на играчи како потенцијални засилувања, но и играчи кои би требало да го напуштат „Олд Трафорд“.
Сепа многу повеќе ќе се знае во наредниот период, но во меѓувреме поранешниот англиски репрезентативец Пол Мерсон испрати еден совет до Јунајтед и тренерот Оле Гунар Солскјер. Мерсон смета дека „црвените ѓаволи“ треба да се фокусираат и да пробаат да донесат три млади играчи Калум Хадсон Одои од Челси, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Деклан Рајс од Вест Хем.
-Мислам дека Солскјер нема да добие четири или пет години за да го врати тимот на победнички патеки. Јунајтед повеќе нема такво трпение, дури и за еден од своите. Ако не се во Лигата на шампиони следната сезона, нема да можат да привлечат ниту една навистина голема ѕвезда, имиња од светска класа. Ама ако инвестираат во млади таленти како Рајс, Санчо и Хадсон-Одои ќе добијат играчи кои веднаш можат да донесе импакт, а во исто време да бидат и подобри. Замислите како овие тројца ќе бидат за четири, пет години? Рајс би можел да го води следниот ред на Англија, Хадсон-Одои и Санчо би можеле да бидат двете најдобри крила во Европа. Тоа се три најсјајни таленти во Англија. Дајте им време и одеднаш би можеле да разговараме за доминација на Јунајтед во Европа. Тие се толку добри. Санчо имаше мадиња да си замине од голем клуб и замина и игра во странство за да докаже дека е доволно добар, сега ги добива наградите. Тој е вклучен во трката за титулата и влезе во националниот тим на Англија, изгледа како момче со огромна самодоверба. Многу сум импресиониран од него. Како навивач на Челси не би сакал да си замине Хадсон-Одои, ама од гледна точка на Јунајтед, тој може да биде супер засилување. Изгледа како играч со голема иднина и веќе дебитираше за Англија. Тоа е многу добар знак ако мене ме прашате. Ставете ги нив двајца и Рашфорд во средина, сите во Европа ќе се плашат од нив, -порача Мерсон