Славниот глумец повторно "удри" по Трамп: "Тој е неостварен гангстер, дури и тие имаат морал и етика"

Точка

20/04/2019

18:02

3.351

Големина на фонт

а а а

Американскиот глумец, режисер и продуцент Роберт Де Ниро повторно го критикуваше претседателот Доналд Трамп нарекувајќи го "тотален губитник" и "неостварен гангестер".

Де Ниро веќе подолго време го критикува Трамп, а на минатогодишното доделување на наградите Тони на прашањето што мисли за американскиот претседател, тој рекол е*и го Трамп, порачувајќи дека неговото IQ е многу ниско.

 

Де Ниро во гостувањето на Late Show со Стивен Колберт рекол дека се обидел да му даде шанса на Трамп откако бил избран за претседател, но дека човекот се покажал тотален губитник.


Роберт е еден од најценетите глумци на својата генерација, кој има освоено два Оскари. Наскоро се враќа во гангстерскиот жанр со филмот "The Irishman" на Нетфликс на кој повторно ќе работи со режисерот Мартин Скорсезе.


Кога Колберт го праша Де Ниро зошто публиката е толку заљубена во тој жанр, тој одговори:

"Луѓето сакаат такви типови на мажи, особено кога имаме еден бел гангстер во Белата куќа".

"Дури и гангстерите имаат морал и етика. Тие имаат свои кодови и се знае кога на некој ќе му дадат збор. Сè што имате е вашиот збор. Овој човек, дури не знае што значи тоа", рекол Де Ниро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг