Покажала колку е тешко породувањето: "Еве како изгледаат тие 10 центиметри низ кои бебето треба да излезе"

Точка

20/04/2019

16:41

20.797

Големина на фонт

а а а

Сите знаат дека породувањето е прилично болно искуство за жената, но понекогаш е лесно е да се заборави колку е тешко. Пејачката Стефани Кристиан одлучила да ги потсети луѓето низ што поминуваат мајките, па на Фејсбук споделила фотографија на која се гледа колку се големи тие 10 центиметри колку што треба да се прошири матката за да може да излезе бебето.

На фотографијата гледаме даска на која се прикажани кругови означени со центиметри и кои совршено ни ја прикажуват големината до која грлото мора да се отвори во текот на породувањето. 

"Вака изгледаат тие 10 центиметри. Поради ова заслужуваме многу повеќе", напишала Стефани.

Во коментарите се јавиле бројни жени кои потврдиле дека тоа навистина е така, но и мажите ги далe своите коментари.

"О, Боже! Ти можеш да добиеш сè и да не поминуваш низ ова", ѝ напишал еден маж на својата сопруга и заработил бројни лајкови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг