“Сакате да ви свириме или не?”: Познатиот пејач го прекинал концертот и одржал лекција за една работа која со години сите ја прават

Точка

20/04/2019

16:13

6.593

Големина на фонт

а а а

Американскиот пејач Боб Дилан во едно од своите ретки обраќања на концерт посрамотил голем дел од публиката.

Имено, тој покажал дека не поднесува на неговите настапи да се држат мобилните телефони и да се прават фотографии и снимки. Пред почетокот на концертот, на публиката ѝ било соопштено дека фотографирањето не е дозволено.  

Дилан само што отпеал еден стих од песната “Blowin’ In The Wind”, прекинал со пеењето и луто ѝ се обратил на публиката во Виена.

“Фотографирајте или немојте да фотографирате. Можеме или да свириме или да позираме, океј?”, рекол Боб. На тоа публиката му одговорила “Свирете!”.

Иако Дилан и бендот продолжиле со настапот, тие отсвириле скратена врзија од песната “It Takes A Lot To Laugh, It Takes A Train To Cry”. Потоа пејачот си заминал, а бендот ја отсвирил инструменталната верзија на “Just Like Tom Thumb’s Blues”. 

Концертот ќе остане запаметен бидејќи Дилан ретко ѝ се обраќа на публиката на своите шоуа. Пред неколку години тој и престанал да ги претставува членовите на својот бенд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг