Русија предупредува: Џихадистите подготвуваат крвопролевање во Европа

Точка

20/04/2019

15:31

4.842

Големина на фонт

а а а

Џихадистите на ИСИС изгубиле територии во Ирак и Сирија, но и натаму претставуваат сериозна закана бидејќи нивните терористички ќелии се шират низ Европа и Азија.

Алармантното предупредување го изнел Александар Бортников, шеф на Федералната служба за безбедност ФСБ, наследничка на КГБ, и еден од најблиските соработници на Владимир Путин. 

Дошле без проблем

Тој наведува дека припадниците на ИСИС и Ал Каеда се рашириле низ Европа, Блискиот исток и југоисточна Азија и дека делуваат како автономна терористичка ќелија.

"Нашите процени се дека околу 1.500 од 5.000 терористи пристигнале во ЕУ од Блискиот исток. Најголем број од нив се борци кои претпоставените ги пратиле во Европа да продолжат со изведување на терористички напади", рекол Бортников на прес-конференцијата организирана од Заедницата на независни држави.

Војната не е готова

Потсетуваме, Доналд Трамп, претседателот на САД, во март објавил победа над ИСИС, откако курдската милиција СДФ преземала контрола над градот Багуз, нивното последно упориште во Сирија. Меѓутоа, Емануел Макрон, претседателот на Франција, изјавил дека е неопходно да се внимава на заканата која и натаму постои и дека борбата против тероризмот мора да продолжи. Објавата на Трамп ја довел во прашање и Башар Јафари, сириски пратеник при ОН, наведувајќи дека војната уште не е завршена.

Тој наведува и дека криминалните групи се вовлекле длабоко во Африка, вклучувајќи ја и Либија, како и во Авганистан.

Повеќето џихадисти кои се вратиле во Европа немале никакви проблеми да се вратат во своите земји. Истовремено, миграционата политика на официјален Брисел го олеснила патот на стотици илјадни бегалци да влезат во ЕУ од 2015-та година. Повеќето од тие бегалци потекнуваат од земји со големи терористички активности.

Шефот на ФСБ понудил спроведување на низа мерки под закрила на ОН, вклучувајќи организација и размена на податоци, како и спречување на финансирањето на терористичките групи.

Документите пронајдени на хард-драјв кој им припаѓал на џихадисти, а кој бил откриен во Сирија на почетокот на оваа година, покажува дека екстремистите планираат нови терористички напади во Европа по примерот на оној во Париз пред четири години.

Пеколни планови

Групата терористи тогаш извела напад на концертната сала Батаклан и уште неколку места, убивајќи дури 7 лица, одека речиси 400 лица биле ранети. Меѓу потенцијалните мети се и брзите железници во Франција и Германија, како и нафтоводот во Швајцарија.

По пожарот во катедралата Нотр Дам, кој исламистите го прославиле на социјалните мрежи, пратени биле закани дека следни мети ќе бидат и други познати цркви на Стариот континент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг