Бицепсот на Џеј Ло може сериозно да го разниша машкото его

Точка

20/04/2019

14:55

4.396

Големина на фонт

а а а

49-годишната Џенифер Лопез го покажала брутално затегнатото тело и извајаните мускули при влегувањето во теретана во Мајами со својата ќерка Ема.

За неверојатно згодното тело на пејачката веќе со години се зборува, иако таа во јули ќе наполни точно 50 години. Овој пат покажала со што располага во светли хеланки и бел топ. 


Секој мускул на Лопез јасно се исцртувал, а освен “плочките” на стомакот и затегнатиот задник, особено внимание привлекувале и нејзините издефинирани раце.

Џеј Ло го надополнила спортскиот стајлинг со светла торбичка, очила за сонце и обетки, додека нејзината наследничка носела лежерно фустанче и патики.


Друштво им правел и партнерот на Џенифер, Алекс Родригез, а по напорниот тренинг, се сместиле во луксузен автомобил и заминале заедно со обезбедувањето.

Колку е затегната, латино дивата покажала и додека влегувала во автомобилот и по којзнае кој пат докажала зошто нејзиниот одамна осигуран задник на 27 милиони долари и понатаму е “најскапиот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг