Се огласи Алегри по најавите дека Роналдо ќе си замине од Јувентус

Дерби

20/04/2019

13:35

1.518

Големина на фонт

а а а

По шокантната елиминација од Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите, веднаш во јавноста се појавија шпекулации дека Кристијано Роналдо не е задоволен со тимот и дека ќе побара заминување од Јувентус по крајот на оваа сезона.

Секако, многумина овие информации ги зедоа со доза на резерва, а за нив свој коментар даде и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

– Кристијано е иднината на Јувентус. Тој одигра фантастично оваа година, а исто ќе биде и наредната. Секако дека е разочаран, како што сме разочарани сите ние, но тој е многу смирен сега. Доаѓањето на Кристијано во Јувентус не значи дека гарантирано ќе ја освоите Лигата на шампионите. Фудбалот е таков каков што е. Сега ние мора да размислиме на освојување на Скудетото кое ќе биде заокружување на нашата одлична сезона, -изјави Алегри.

Јувентус со победа пред својата публика во натпреварот против Фиорентина овој викенд и официјално ќе стане „старо нов“ шампион во Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг