Шок трач од Лондон, принцот како својот татко: Вилијам ја изневерува Кејт, и тоа со нејзина пријателка

Точка

20/04/2019

12:11

6.041

Големина на фонт

а а а

Приказните за неверството на британскиот принц Вилијам кружат веќе со месеци, а во центарот на вниманието е Роуз Хенбери, поранешна пријателка сопругата на принцот, Кејт Мидлтон, со која таа веќе некое време е скарана, пренесува "Hollywood Gossip".

Како што се наведува, Вилијам, најстариот син на принцот од Велс, Чарлс, наводно имал афера со Роуз за време на третата бременост на Кејт, и за тоа се "шушка" подолго од една година. 

Сепак, британските медиуми одбиваат да пишуваат за тоа од почит кон членовите на кралското семејство, наведува истиот портал.

Роуз Хенбери и нејзиниот 58-годишен сопруг Дејвид, се високо позиционирани во општеството и често гледани на забавите во Кесингтонската палата.

Кога Кејт дознала за неверството, наводно направиле се на тој брачен пар да му оневозможи пристап на настаните во палатата.

Оваа афера наводно е една од причините за расправиите меѓу Вилијам и неговиот помлад брат Хари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг