Тајната на доброто здравје: Постојано се на нозе и јадат јаглехидрати – во ова племе живеат луѓето со најздраво срце

Точка

20/04/2019

13:48

5.992

Големина на фонт

а а а

Во една од најсиромашните држави во Јужна Америка живее племе чии припадници имаат најздраво срце помеѓу луѓето. Во што се крие нивната тајна?

Припадниците на племето Чимане исклучително ретко заболуваат од срцеви болести. По едногодишна студија, научниците утврдиле дека тие имаат најздраво срце и ја презеле таа титула од Јапонците. Со цел да откријат повеќе за нив, репортерот на “CNN”, д-р Санџеј Гупта отпатувал во амазонската прашума во Боливија. 

“Знаевме дека Чимане живеат во мали групи од 60 луѓе покрај бреговите на реките. Конечно пронајдовме едно од селата кога сонцето почна да заоѓа. Сум посетил повеќе од 100 земји ширум светот, па за мене е посебно возбудливо да пронаоѓам места кои се поинакви од оние кои сум ги видел досега, како што е случајот со Амазон. Таа вечер ги поставивме нашите шатори сред селото и го започнавме нашиот живот како Чимане. Еден ден го извлеков својот ајпед, а племето ме гледаше со раширени очи како да сум волшебник”, изјавил Гупта.

Што јадат?

Тој со племето одел на лов, риболовел, собирал плодови и играл фудбал со децата, а преку тоа ги открил нивните тајни.


“Мојата цел беше да ги научам тајните на оние со најздравото срце на светот, а се фокусирав на три работи: исхрана, активност и одмор. Што се однесува до исхраната, очекував дека нивната ќе биде некој вид на “палео” диета, со 65% калории од животинско месо. Наместо тоа, го дознав спротивното: племето добива најмногу калории од јаглехидратите како банани, маниока, ориз и пченка. Како што можете да претпоставите, храната таму не е обработена или рафинирана, таа е без никакви додадени шеќери и соли. Природните јаглехидрати се главната храна на народот, кој внесува и околу 15% масти и 15% протеини. Нивната исхрана има мноштво микронутриенти како што се селенот, калиумот и магнезиумот, кои потекнуваат од нивната храна”, раскажал докторот.

Колку и на кој начин се активни?

“Тие се речиси постојано на нозе. Поминуваат многу време одејќи и следејќи ги животните при ловот. Ако ловците добијат месо, тие навистина го заслужиле бидејќи со часови оделе и трчале многу километри”.


Слично е и со жените и децата кои по цел ден работат на фармите и собираат плодови.

“Во просек, еден жител поминува околу 17 илјади чекори дневно. Тие со најздравото срце на светот се постојано активни, но не и интензивно активни. Ретко кога седнуваат”, вели Гупта.

Како се одмораат?

Штом сонцето ќе зајде, луѓето се повлекуваат во своите колиби и брзо заспиваат.

“Веќе за половина час слушнав длабоко дишење и рчење низ целиот камп. Се покажа дека ако немате уреди во кои ќе гледате, можете да заспиете рано и длабоко. Околу девет часа подоцна, со повикот на петелот во далечината, кампот почна да се буди и започна уште еден ден на лов, собирање плодови и играње фудбал”, раскажал тој.


Социјализација

Колку се дружељубиви? Гупта вели – премногу.

“Чувството на заедница е важно, со многу смеа, разговори и делење. Нема сомнеж дека социјализацијата и недостатокот на осаменост исто така е одлична заштита од срцевите болести, како што докажуваат и многу студии ширум светот”.

Паразитите како значаен фактор

“Речиси сите кои живеат таму имаат некој вид на паразитска инфекција, како што се глисти или округли црви. Во извесна смисла, тие живеат со овие паразити поголемиот дел од својот живот, а со оглед на тоа што многу хронични болести се поттикнати од нашиот имунолошки систем, можно е паразитите во телата на овој народ да им помагаат да се регулира нивниот имунитет и ги штитат нивните срца. Исто така, тие не се плашат да бидат малку “валкани”, заклучува Гупта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг