Ова малечко тежело само 258 грама при раѓањето: Бил премал дури и за инфузија, а потоа поминале пет долги месеци...

Точка

20/04/2019

12:43

3.361

Големина на фонт

а а а

Малечкото бебе Ријусуке од Јапонија кое при раѓањето тежело само 258 грама и било долго 22 центиметри, по пет месеци ќе биде пуштено од болница.

Според зборовите на д-р Такехико Хирома од детската болница Наганo во Азумино, бебето е здраво и сега тежи 3,37 килограми. Јапонските медиуми објавиле фотографии и видеа на кои се гледа како мајката Тошико Секино радосно го држи Ријусуке во своите прегратки. 


Таа изјавила дека најпрвин многу се грижела бидејќи бебето било толку кревко што неговата кожа била провидна, но дека сега може да го дои.

Додала и дека се радува што конечно ќе може да го однесе дома и да го искапе, пренесува “AP”.


“Имаше потешкотии во третманот затоа што непосредно по раѓањето, бебешките крвни садови беа премали за инфузија”, изјавил д-р Хирома.

Според регистарот на најмали бебиња на светот кои преживеале, а кој е составен од страна на универзитетот во Ајова, најмалото девојче е родено во 2015 година во Германија со тежина од само 252 грама, а претходно најмалото момче е родено во Јапонија минатата година со 268 грама.




Спонзорирани линкови

Маркетинг